skip to main |
skip to sidebar
Ο κ. Αχμέτι ονόμασε το κράτος Δαρδανιά!Σε ομιλία του σε εγκαίνια Μουσείου στα Σκόπια, αποκάλεσε την πόλη των Σκοπίων ως ιστορική πρωτεύουσα της Δαρδανίας και βέβαια, κοιτίδα των Αλβανών.
Το κείμενο παρακάτω περιγράφει τις σφοδρές αντιδράσεις των σκοπιανών 'Ιστορικών". Τονίζει μάλιστα ότι είναι η πρώτη φορά που Αλβανός πολιτικός αποκαλεί δημόσια την Ψευδό-"Μακεδονία" Δαρδανία....και αυτό ίσως σημαίνει κάτι!
πρωτοσέλιδο στην προχθεσινή (29/11/2008) "Νόβα Μακεντόνιγια"Али Ахмети, лидерот на владејачката ДУИ, вчера на прославата на отворање на музејот на ОНА во скопската чаршија, Македонија ја нарече Дарданија.
- Музејот е круна на години и години работа на Албанците, а се отвора токму во главниот град на Дарданија - рече Ахмети во говорот на отворањето на музејот.
Во ДУИ не сакаа да ја коментираат изјавата на Ахмети бидејќи, како што нагласија, станувало збор за негов личен говор.
ДУИ му е коалиционен партнер на ВМРО - ДПМНЕ во владата на Македонија и партија која декларативно се залага за единственост на државата. Во ВМРО - ДПМНЕ вчера не сакаа да ја ко¬ ментираат изјавата на Ахмети.
Инаку, не е прв пат Албанците Македонија да ја нарекуваат Дарданија. Здружението на албанските историчари во Македонија лани излезе на протести против археолошките ископувања на скопско Кале бидејќи во ископувањата не биле вклучени археолози од Косово и од Албанија. Рамиз Абдулали, почесен претседател на Здружението, тогаш изјави дека Кале било старо Скупи и главниот град на кралството Дарданија.
Македонските историчари тогаш оценија дека изјавата на Абдулали била политичка, навредлива и понижувачка.
Дарданија е областа на која некогаш живееле Дарданите, илирско племе што било населено во делови на Косово и во крајбрежните делови на Албанија, но никогаш не биле население на територијата на која се простира денешна Македонија.
Изјавата на Ахмети следува по најавите за референдум за Илирида од страна на Невзат Халили, поранешниот претседател на ПДП. Халили пред две недели изјави дека било дојдено време за политичка и културна автономија на Албанците во Македонија и најави промена на уставот и на државното уредување во унија помеѓу Македонија и Илирида.
Πρωθυπουργέ μας κ. Καραμανλή, ας μην αφήσουμε την ευκαιρία χαμένη...
Δεν υπάρχουν σχόλια:
Δημοσίευση σχολίου